Бразилскито репрезентативец Нејмар пред скоро четири години пристигна во Барселона од Сантос и многу брзо се вклопи во начинот на игра на каталонскиот клуб.
Нејмар со Барса освои се што можеше да се освои, па започнаа шпекулации дека би можел да замине. Познато е дека Бразилецот има проблем со затајувањето на данок во Шпанија и се поизгледни се шансите тој да замине од Пириниеите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека таткото на Нејмар одлучил на својот син да му даде неколку совети, а помеѓу остантото и го советуваше во каков клуб би требало да премине.
Наводно неговиот татко смета дека Нејмар во Барселона покрај Меси не може доволно да се истакне и дека би требало да замине некаде каде што ќе биде вистинска ѕвезда.
„Меси е сеуште млад и мислам дека Нејмар не може да чека тој да се пензионира за тој да биде лидер во Барса. Сега е во најдобрите гоdини и потребно да игра некаде каде што тој ќе биде главна ѕвезда со што дополнително би се развивал и би прикажувал уште подобри настапи“, изјави Нејмар Сениор.
Според некои медиуми, таткото на Нејмар алудирал на преселба на неговиот син во Манчестер Јунајтед бидејќи верува дека токму англискиот гигант е вистинскиот клуб за неговиот син.