Дома Фудбал Англија Робињо откри како пропаднал неговиот трансфер во Челзи!

Робињо откри како пропаднал неговиот трансфер во Челзи!

Во последниот ден од летниот преоден рок во 2008 година како „бомба“ одекна трансферот на Робињо во Манчестер Сити, бидејќи Бразилецот тогаш беше една од најголемите ѕвезди на Реал Мадрид.

Тогаш се шпекулираше дека Робињо практично е пред потпис со Челзи, меѓутоа следуваше голем пресврт и Бразилецот на крај се пресели во редовите на Манчестер Сити.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Мојата цел тогаш беше да се преселам во Челси затоа што таму тренер беше Фелипе Сколари. За кратко време се договорив со клубот, но Реал Мадрид во последен момент го стопираше мојот трансфер затоа што стигна побогата понуда од Манчестер Сити“, изјави Робињо.

„Сепак, точно е дека на управата на Реал не им се допадна тоа што Челси започна да продава дресови со моето име пред да биде финализиран трансферот и поради тоа одлучија да ме продадат на Сити“, додаде Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Oбјавините првите резултати од истрагата за смртта на Жота, се укажува на една причина

“) Шпанската цивилна гарда објави дека истрагата за несреќата во која загинаа напаѓа…