Дома Фудбал Англија Робертсон: Атлетико прерано почна да слави

Робертсон: Атлетико прерано почна да слави

Дефанзивецот на Ливерпул, Енди Робертсон изјави дека играчите на Атлетико прерано почнале да слават, откако во првиот меч славеа со 1:0 во Мадрид.

Атлетико синоќа славеше со 1:0, но Робертсон ги предупредува „јорганџиите“ дека рано е да слават пласман во четвртфинале бидејќи треба да гостуваат во Ливерпул.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Славеа како да се пласирале понатаму и тоа после само еден меч. Полека… Имаме неколку недели до реваншот, ќе се подготвиме најдобро што можеме, а тука ќе бидат и нашите навивачи“, изјави Робертсон.

„Играчите на Атлетико може да почнат да паѓаат по теренот и така да ни влезат под кожа, како што го направија тоа на првиот меч. Имаме 90 минути да ги вратиме работите каде што им е местото“, порача дефанзивецот на „црвените“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фламенго: Винисиус, те чекаме кога ќе ти заврши договорот

Шансите Винисиус Жуниор да остане во Реал Мадрид по летото 2027 година се минимални. Впеча…