Во Баерн Минхен се најавуваат големи промени во летото кое следи, Тухел заминува, а со него можеби и уште седум фудбалери (ТУКА). Празните места ќе треба да бидат пополнети со нови имиња и една од најголемите желби на Баерн изгледа е Енди Робертсон од Ливерпул.
Извесно е дека Алфонсо Дејвис нема да го продолжи договорот, тој е најблиску до Реал Мадрид, па потребно ќе биде да се најде негова адекватна замена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Робертсон во Ливерпул пристигна летото 2017 година за само осум милиони фунти што дефинитивно е еден од најдобрите трансфери во модерната ера на „црвените“. Досега Робертсон запиша 292 натпревари и има договор до 2026 година. Сепак, никој не знае каква ќе биде ситуацијата кога ќе замине Јирген Клоп и ќе пристигне нов тренер.
Шкотскиот фудбалер наскоро ќе наполни 30 години и јасно е дека има уште неколку сезони во своите нозе поради што Баерн и сака да го доведе место Дејвис.