Дома Фудбал Репрезентации Ричарлисон за спорната ситуација: Нека се жалат до крајот на животот!

Ричарлисон за спорната ситуација: Нека се жалат до крајот на животот!

Бразил успеа да се пласира во финалето на Копа Америка со победата против Аргентина со резултат 2:0.

Сепак, Аргентинските медиуми се жалат од судењето на натпреварот, но на играчот на Бразил, Ричарлисон не му е јасно зошто се толку жалат.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Лео Меси беше главниот иницијатор на жалбите прашувајќи зошто судијата ниту еднаш не погледна ВАР снимка, но на Ричарлисон не го интересира тоа.

„Сега се жалат. Само нека зборуваат. Кој е во финалето? Бразил! Нека се жалат до крајот на животот.“ – изјави Ричарлисон после натпреварот.

Аргентинците најмногу се жалеа на прекршокот кој беше направен на Агуеро, бараа пенал, а после спорната ситуација следуваше акција за вториот гол на Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Aморим објасни зошто никогаш нема да си поднесе оставка: Тој момент многу ме боли

Рубен Аморим е статистички најслаб менаџер на Манчестер Јунајтед од Втората светска војна,…