Maкедонскиот заменик капитен Стефан Ристовски е отстранет од првиот тим на Спортинг Лисабон!
Како што пренесуваат португалските медиуми, Ристовски е отстранет поради конфликт со тренерот Рубен Аморим и може да си замине од Спортинг во овој преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во медиумите се шпекулира за неколку причини зошто дошло поради несогласување. Наводно македонскиот фудбалер не бил задоволен затоа што не се нашол во комбинација за последниот натпревар со Спортинг против Пакош Фереира.
Ваквиот развој на настаните може да биде и проблем пред натпрвеарот на Македонија со Косово кој е закажан за 8. октомври. Нормално, за секој фудбалер е подобро кога е во играчки ритам.