Македонската фудбалска репрезентација утре против Португалија го игра најважниот натпревар во својата историја за пласман на Светско првенство.
За тоа се свесни и сите репрезентативци, а капитенот Стефан Ристовски вели дека се спремни за ова финале и ќе дадат се од себе.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Сигурно ова е најважниот натпревар во историјата на нашиот фудбал, можеби светот не веруваше дека ќе бидеме тука, оваа соблекувална има нешто што другите немаат, спремни сме за ова големо финале. Не ни сонував дека ќе играме со Португалија за пласман на СП, но затоа фудбалот е убав, првата пречка ја поминавме, тука сме да играме против 50.000 Португалци на трибините, ќе играме да победиме. Се чувствувам убаво овде, како Португалец, синот ми е роден тука, во одличен однос со многу играчи оттука, со Бруно поготово. Тоа што го знам од менталитетот на Португалија, го пренесов на селекторот, но тука се заборава пријателство и се, не очекува натпревар кој може да донесе историски успех. Патот до овде беше тежок, ако победиме ќе запишеме најголем успех во историјата на македонскиот спорт. Пред седум-осум години, бевме некако изолирани, а сега сме тука за влез на СП во Катар, нема да застанеме тука, ова ќе биде голем поттик, и прав пат за понатака“, изјави капитенот Ристовски.
Фото: ФФМ