Ривер Плата победи во аргентинското Суперкласико. Ривер ја совлада Бока Јуниорс се одигра во рамките на 24.коло.
Ривер со 13 победа во Примера, на лидерот Бока Јуниорс му се доближи на само четири бода.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Избраниците на Марсело Гаљардо победата ја најавија по 15 минути игра кога Гонсало Мартинес го постигна првиот гол. Девет минути подоцна, стрелецот на голот му асистираше на Луис Аларио кој ја удвои предноста на Ривер Плата.
До крајот на полувремето ветеранот Фернандо Гаго успеа да намали на 2:1.
Конечниот резултат 3:1 го постави Друиси во самиот финиш на натпреварот. Друиси е најдобриот стрелец во шампионатот со 15 постигнати голови.
На табелата Бока е лидер со 49 бодови, три повеќе од Сан Лоренцо, додека Ривер Плата има 45 бодови и натпревар помалку од ривалите.