Дома Видео Ривер за малку ќе направеше чудо како Ливерпул

Ривер за малку ќе направеше чудо како Ливерпул

0

Ривер Плата за малку ќе направеше чудо слично на она кое го направи Ливерпул во полуфиналето во ЛШ против Барселона.

Актуелниот првак на Јужна Америка го победи Атлетико Туцуман со 4:1 во реванш натпреварот од четвртфиналето на Купот, но за жал поради поразот од 3:0 од првиот натпревар не одат понатаму.

Иако имаа три гола минус од првиот натпревар од самиот почеток тимот на Марсело Гаљардо тргна офанзивно и беа на прагот од чудо.

Фернандез и Прато го донесоа Ривер до водство од 2:0 на полувреме, но веќе на почетокот од второто полувреме Атлетико преку Толедо успеа да постигне злато вреден погодок за 2:1,  а тој гол на крајот ги однесе во полуфинале.

Ривер до крајот со головите на Суарез и Прато успеа да дојде до водство од 4:1. Сепак во последните пет минути не успеа да постигне петти погодок кој ќе ги пласираше понатаму, па во полуфиналето оди екипата на Атлетико.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Арсенал ги претстави гостинските дресови – фановите воодушевени

Арсенал денес и официјално ги претстави гостинските дресови за новата сезона, кои се израб…