Вчера Франк Рибери беше претставен пред навивачите на Салернитана, Французинот имаше големо претставување и вети дека ќе даде се од себе за да му помогне на тимот.
Целта на Салернитана секако ќе биде опстанок.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Сите што сме тука имаме една цел, а тоа е опстанок. Ќе го дадам најдоброто за сите во клубот. Тимот е најважен и ќе се обидам да им помогнам на помладите“.
„Преговорите со спортскиот директор Фабини не траела долго. Ми беше пренесена целата мотивација, уште сега ја чувствувам љубовта од фановите. Јас живеам за фудбалот, ако живеев за пари немаше да бидам сега тука“, изјави Рибери.
Со Салернитана се поврзуваше Давид Луиз кој исто така е без клуб.