Дома Македонски спорт Мак фудбал Решен е проблемот: Пелистер нема да биде исфрлен од прва лига!

Решен е проблемот: Пелистер нема да биде исфрлен од прва лига!

Битолски Пелистер го испочитува рокот на Фудбалската федерација на Македонија и пријави барем 12 фудбалери во својот ростер за новата сезона.

Со ова Пелистер избегнува исфрлање во понизок ранг, а сега следи составувањето на тим кој ќе има квалитет да се натпреварува во првата македонска лига.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


За вторник е закажана седница на дневен ред на која ќе треба да се донесе одлука за давање на согласност на договорот за доделување на финансиски средства на акционерските друштва. Така би се изменил начонот на исплата на финансиски средства кон ФК Пелистер за 2021 година.

Ова беше најавено на средбата која ја остварија навивачите на клубот „Чкембари“, претставници на клубот и градоначалничката Петровска.

Фото: ФК Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…