Дома Македонски спорт Реми 3:3 за момците на Цапар во втората контролка со Косово

Реми 3:3 за момците на Цапар во втората контролка со Косово

Денес Македонија до 21 година го одигра вториот контролен натпревар против Косово. Откако завчера славевме со 1:0, денешниот натпревар заврши без победник 3:3.

Македонија добро го започна мечот и поведе со голот на Трпчевски. Имавме игра, но потоа следуваше еден пад кај нашите момци и Косово од 57. до 72. минута постигна три гола за водство од 1:3.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сепак, Македонија многу брзо во следните шест минути преку Крстевски од пенал и Тодоровски изедначи на 3:3.

Канаталаровски овој тест натпревар го започна со: Николовски, Јанкуловски, Стојчевски, Крстевски, Тодоровски, Рамадани, Фетаи, Георгиевски, Игњатов, Малески, Трпчевски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…