Дома Македонски спорт Реми на Македонија У15 на втората контролка со Унгарија 🎥

Реми на Македонија У15 на втората контролка со Унгарија 🎥

Младата репрезентација на Македонија до 15 години денеска во Будимпешта го одигра вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Унгарија.

Натпреварот заврши нерешено 2:2. Имавме предност на полувреме со 2:1, но во вториот дел противникот успеа да изедначи.

Унгарија прва го отвори резултатот во 5. минута. Во 21. минута беше направен прекршок за најстрога казна над Грашевски, Младеновски беше сигурен од белата точка за израмнување на резултатот. Истиот играч во 38. минута го постигна и вториот гол за нашата репрезентација. 

Во продолжението од средбата можеме да жалиме за неколкуте добри пропуштени шанси за гол. Противникот ја искористи својата прилика и во 55. минута успеа да го изедначи резултатот и да ги постави конечните 2:2.

Унгарија – Македонија 2:2 (1:2)

Македонија: Илиоски, Ракипи, Ристовски, Атанасовски, Спасовски, Кадриовски, Али, Киш, Младеновски, Грашески, Шаини;

Резерви: Трајковски, Хасани, Стојановски, Радески, Митров, Антониев, Перески, Кузмановски, Андоновски, Мехмед, Алиу;

Селектор: Драган Начевски;

 Првиот контролен меч одигран помеѓу овие две селекции, заврши исто така нерешено 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Анчелоти: Нашата цел е да играме финале во ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анечелоти зборуваше на пресконференција пред утешниот меч с…