Дома Останати Ракомет Реми на Вардар против Висла – познати можните противници на црвено-црните во четвртфиналето

Реми на Вардар против Висла – познати можните противници на црвено-црните во четвртфиналето

Вардар пред денешниот натпревар против Висла Плоцк веќе го имаше обезбедено пласманот во четвртфиналето.

Црвено-црните, денес против полскиот претстваник одиграа реми 31:31. Висла за македонскиот и европскиот шампион се покажа како навистина тежок противник.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Висла подобро влезе во натпреварот и успеа да стигне до предност од 10:7, во тие помиенти Раул Гонзалес повика тајм-аут по што Вардар се врати во игра, а на полувреме се со нерешен резултат 16:16.

Во вториот дел Вардар започна поенергично и за прв пат на средбата стигна до предност од три погодоци 27:24. Во финишот Стоилов имаше прилика да постигне гол за победа, но не успеа, па натпреварот се заврши со реми 31:31. Колку изедначен беше целиот натпревар покажува и податокот што на оваа средба видовме дури 20 изедначувања.

Најефикасен во редовите на Вардар беше Лука Циндриќ со седум постигнати погодоци, додека на спротивната страна Португалецот Дуарте постигна 10 голови.

Вардар како прв во групата ќе одмара во осминафиналето, а во четвртфиналето ќе се сретне со подобриот од натпреварот помеѓу Пик Сегед и Киелце или пак Кил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ги откажа своите поранешни соиграчи: Томовски имаше чудесно деби во новиот клуб!

Македонскиот голман Мартин Томовски имаше блескаво деби во дресот на Битигхајм, откако со …