Дома Фудбал Англија Рекордот кој Халанд го постави против Јунајтед тешко ќе го сруши некој

Рекордот кој Халанд го постави против Јунајтед тешко ќе го сруши некој

Манчестер сити вчера го декласира Манчестер јунајтед со 6-3, а по три гола во победата постигнаа Ерлинг Халанд и Фил Фоден.

Неверојатниот Норвежанец учествуваше во пет од шест постигнати голови против градскиот ривал и така постави рекорд кој тешко ќе се урне во иднина.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ова на Халанд му беше и трет хет-трик по доаѓањето во англиската Премиерлига, а за овој подвиг му требаа само осум меча.

Досегашниот рекорд го држи легендарниот Овен, а за ваков рекорд му требаа дури 48 натпревари, додека Халанд блесна и против Нотингем Форест и Кристал Палас и им даде по три гола.

Најмногу хет-трикови во Премиерлигата има Агуеро, и тоа 12, но ако продолжи Халанд во ова темпо, тогаш сигурно ќе го престигне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…