Дома Фудбал Останато Рекордерот Мбапе не е задоволен: Промашив неколку шаси, можев да постигнам повеќе голови

Рекордерот Мбапе не е задоволен: Промашив неколку шаси, можев да постигнам повеќе голови

Килијан Мбапе не престанува да ја воодушевува спортската јавност, во вчерашната победа на неговиот тим против Лион младиот фудбалер постигна четири погодоци.

Со таквото достигнување Мбапе стана најмладиот фудбалер кој успеал да постигне четири гола на еден официјален натпревар.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Додека целиот свет се восхитува на неговото достигнување, самиот Мбапе не е премногу задоволен и тврди дека можел да постигне и повеќе од четири погодоци.

„Постигнав четири погодоци, но претходно промашив неколку фантастични прилики. Можев да постигнам неколку погодоци повеќе“, изјави Французинот.

Мбапе има само 19 години, зад себе има 135 натпревари на кои постигнал 67 погодоци и запиша 37 асистенции. Оваа сезона тој заедно со Нејмар е најдобар стрелец на францускиот тим со осум постигнати погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѕвезда на Челси во љубовен триаголник со Ванда Нара?

Фудбалерот на Челси, Енцо Фернандез, се најде во центарот на љубовен триаголник, кој го вк…