Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Реграги: Што ќе ми е 70% поседн на топка ако шутнам двапати на гол?

Реграги: Што ќе ми е 70% поседн на топка ако шутнам двапати на гол?

Репрезентацијата на Мароко е најголемото изненадување на Светското првенство во Катар, во група со Белгија и Хрватска завршија на првото место, а потоа во нокаут фазата ги елиминираа Португалија и Шпанија.

Во полуфиналето Мароко го чека натпревар со актуелниот светски шампион Франција. На прес-конференцијата пред утрешниот натпревар селекторот Валид Реграги доби критики за дефанзивниот стил на игра.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


„Што ќе ми посед на топка од 70% за да шутнеме два пати на гол? Ќе му кажам на Инфантино да дава бод на тимот кој ќе има 60% или повеќе посед на топка“, иронично одговори мароканскиот селектор, па беше посериозен.

„Исто така, за да имате посед на топка, треба да имате одреден тип на играчи. Погледнете го Манчестер Сити, имаат 70% посед на топка ама со играчи како Де Брајне, Бернардо Силва…“

„Да, можеме да зборуваме за „тики-така“, ама кога би имале соодветни играчи за ваков стил на игра“, истакна Реграги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Јунајтед со крената глава заминува од Енфилд🎥

Манчестер Јунајтед одигра храбро на гостувањето кај лидерот Ливерпул, остана непоразен и з…