Дома Фудбал Италија Револуција во Серија А: Сите 10 натпревари ќе се играат во различен термин

Револуција во Серија А: Сите 10 натпревари ќе се играат во различен термин

Телевизијата ДАЗН неодамна објави дека сепак ќе има ексклузивни права за емитување на Серија А до 2024 година.

ДАЗН продава ТВ права низ целиот свет кога се во прашање натпреварите во Серија А и тие најдоа начин да ја зголемат заработката.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Имено, како што пишува „Газета дело Спорт“, тие се решени сите натпревари во следната сезона да се играат во различно време.

Четири натпревари ќе се играат во сабота, а пет треба да се следат во недела, додека еден натпревар треба да биде во понеделник. 

Колото ќе започнува во сабота од 14.30 часот, па ќе има меч во 16.30, во 18.30 и во 20.45 часот, додека во недела покрај овие четири термини е и пладневниот од 12.30 часот. За понеделник останува само вечерниот од 20.45 часот.

Раководството на Серија А сериозно размислува да го прифати овој предлог и на следниот состанок ќе го стави на гласање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално: Кардиф ќе го отвори ЕУРО 2028, финалето ќе биде на „Вембли“

Иако квалификациите сè уште не се започнати, веќе е познато дека отварањето на ЕУРО 2028 ќ…