Дома Топ вести Реал тргнува по ѕвездата на Монако – спреми цела „стотка“!

Реал тргнува по ѕвездата на Монако – спреми цела „стотка“!

Шпанските медиуми денес пренесуваат дека Реал Мадрид ја започнал операцијата на доведување на тинеџерската атракција од Монако, Килијан Мбапе.

„Кралскиот“ клуб сака да го донесе Мбапе ова лето на „Сантиаго Бернабеу“ и за тоа нема да жали пари, а медиумите најавуваат дека трансферот ќе чини 100 милиони евра.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Марка“ пишува дека Зинедин Зидан веќе четири години го прати развојот на Мбапе кој во минатото бил на проба во „кралскиот“ клуб, па сега раководството смета дека е вистинско време да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.

Интерес за Мбапе покажуваат неколку клубови од Премиер лигата како и ПСЖ и Интер, меѓутоа Реал Мадрид е спремен да ја победи конкуренцијата со понуда од 100 милиони евра.

Притоа, „Марка“ тврди дека доколку 18-годишниот напаѓач го напушта Монако прв избор за него ќе биде Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мбапе за дербито со Атлетико нема да биде ниту на трибини

Реал Мадрид ќе биде без Килијан Мбапе во вечерашното дерби, а Французинот нема да биде нит…