Добрите игри на Енис Барди во Леванте не останаа незабележани од поголемите клубови во Примера.
Шпански „АС“ пренесува дека Реал Сосиедад е заинтерссиран за македонскиот репрезентативец и ќе се обиде да го донесе во своите редови во јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нашиот репрезентативец кој ја игра третата сезона во Леванте, сезонава има два голови, а еден реализираше во гостинскиот триумф над Реал Сосиедад.
Барди има договор со Леванте до 2022 година, но сигурно за него е императив да се пресели во клуб со поголеми амбиции каков што е Реал Сосиедад, кој моментално се наоѓа на 5-то место во Примера.