Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш.
26-годишниот Бразилец е еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата и Њукасл сигурно нема лесно да се раздели со него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот неодамна стави потпис на нов договор, но е спремен да ја промени средината, особено ако Њукасл не избори пласман во Лигата на шампиони.
За него интерес покажуваат ПСЖ, Барселона, Манчестер Сити, а сега во трката се вклучи и Реал Мадрид.
Модриќ заминува на лето, Крос е во поодминати години и неговата иднина е нејасна, па „кралевите“ веруваат дека Бразилецот би бил идеална замена.