Дома Фудбал Реал Мадрид одлучи: Бејл ќе биде казнет!

Реал Мадрид одлучи: Бејл ќе биде казнет!

Герет Бејл поради повреда го пропушти натпреварот против Реал Сосиедад и мечот го следеше од трибините, но направи потег со кој ги налути челниците на „кралскиот“ клуб.

Имено, Велшанецот го напуштил трибинскиот простор од „Сантијаго Бернабеу“ десет минути порано, па Реал одлучи да го казни.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Бејл беше „уловен“ од ТВ камерите како ги напушта трибините во 78. минута, со што наруши интерно правило на клубот.

Играчите кои не се повикани имаат обврска да останат до крајот на натпреварот, односно да бидат блиску до тимот пред и завршувањето на средбата.

Реал го загуби натпрварот со 0:2, а Бејл веројатно не сакал да го гледа поразот на своите соиграчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валенсија игра во одлична форма – седум меча по ред не знае за пораз (Видео)

Фудбалерите на Валенсија продолжуваат со импресивната низа без пораз, откако денеска одигр…