Дома Топ вести Реал Мадрид нема да му дозволи на Модриќ да игра за Хрватска?

Реал Мадрид нема да му дозволи на Модриќ да игра за Хрватска?

Селекторот Златко Далиќ пред неколку дена го објави составот на Хрватска за Лигата на Нации, а на голема радост на него беше и Лука Модриќ.

Но, ваквата ситуација не им се допадна на луѓето во Реал Мадрид. Модриќ на 38-години по неуспешниот настап на Европското првенство одлучи да остане дел од репрезентацијата, а тоа значи дека го чекаат шест натпревари во три месеци во Лигата на Нации.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Таквата ситуација за Реал е проблем затоа што пред „кралевите“ е една oд најдолгите сезони во која треба да одиграат и до 70 натпревари.

Во Реал стравуваат дека со поголем број натпревари Модриќ нема да биде во најдобра форма за клупските предизвици, па затоа би можеле да побараат да има балансирана минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи спреми 60 милиони за Кунде

Англискиот гигант Челзи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Барселона и француски реп…