Дома Трансфер зона Реал купува играч кој 14 години играл во Барселона?

Реал купува играч кој 14 години играл во Барселона?

Со оглед на катастрофалната сезона која ја игра Реал Мадрид, за очекување е Кралевите веќе во јануари да се обидат да донесат некое засилување во своите редови.

Според пишувањата на шпанските медиуми, тоа би требало да биде Марк Бартра од Реал Бетис, кој претходно беше член на Барселона долги години.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Бартра во јануари премина од редовите на Борусија Дортмунд во Бетис каде игра фантастично, а за награда повторно доби повик во репрезентацијата на Шпанија.

Проблем во реализацијата на трансферот би можела да биде откупната клазула која ја има Бартра, а таа наводно изнесува 60 милиони евра.

Бартра оваа сезона е стандарден во екипата на Бетис за кој одигра десет натпревари во Ла Лига и постигна еден погодок. Член на Барселона беше 14 години -од 2002. до 2016. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Статусот на Атлетико за Винисиус предизвика 5 милиони реакции – се појави нова снимка

Реал Мадрид го победи Атлетико 2:1 во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп што се игра во Са…