Дома Топ вести Реал и Јунајтед се договорија – паѓа светскиот рекорд!

Реал и Јунајтед се договорија – паѓа светскиот рекорд!

Во Шпанија повеќе никој не се сомнева – Де Геа од следната сезона ќе брани за Реал Мадрид. Најверојатно повеќе нема препреки за трансферот бидејќи „кралевите“ се согласиле на условите од Манчестер Јунајтед.

Самиот Де Геа инсистира да се врати во Мадрид каде се наоѓа неговото семејство, па „црвените ѓаволи“ нема да му стојат на патот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Медиумите тврдат дека постојат две варијанти како „кралевите“ да дојдат до неговиот потпис. Првата е да платат 70 милиони евра и да го срушат рекордот за најскап голман на светот, а втората варијанта е покрај пари да испратат еден фудбалер – Крос или Варан.

Многу поверијатно е Германецот да се пресели на „Олд Трафорд“ бидејќи Мурињо смета дека би бил идеален партнер за Пол Погба.

Наводно Флорентино Перез е спремен на оваа трампа, бидејќи на местото на Крос веднаш ќе го донесе како замена Марко Верати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…