Дома Топ вести Реал и Милан заинтересирани за „новиот Кака“

Реал и Милан заинтересирани за „новиот Кака“

Европските гиганти Реал Мадрид и Милан ова лето ќе водат битка за потписот на младата бразилска ѕвезда од Сао Паоло, Игор Гомеш.

21-годишниот офанзивен играч за врска со своите партии го привлече вниманието на многу европски гиганти, а во својата татковина веќе го доби епитетот „новиот Кака“.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Гомеш многу наликува на Кака, а во договорот со Сао Пало има откупна клаузула од 50 милиони евра.

Во последните две години Реал купи неколку бразилски таленти како Рениер, Винисиус Жуниор и Родриго, па сака да ја продолжи традицијата.

Од друга страна пак Милан веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака летово да го донесе на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

По моделот на Мбапе, Реал носи нови две ѕвезди за нула евра

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …