Дома Фудбал Лига на шампиони Реал загрижен поради „хајката“ против нив – ќе разговара со УЕФА

Реал загрижен поради „хајката“ против нив – ќе разговара со УЕФА

Мадридските медиуми пренесуваат дека Раел Мадрид е загрижен поради „хајката“ која настана после досудениот пенал против Јувентус.

После пеналот досуден во последните секунди се направи цела „хајка“ против Реал во европските, но и каталонските медиуми, па „кралевите“ сметаат дека тоа може да влијае на УЕФА

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Марка“ наведува дека стравот на „кралевите“ додатно се зголемува поради фактот што против Баерн минатата сезона исто така имаше големи примедби на судењето и Германците обвинија дека биле сериозно оштетени.

Поради сето тоа судијата на дуелот Реал – Баерн би можел да биде под притисок, бидејќи е создадена таква атмосфера во цела Европа.

Поради тоа претставниците на Реал Мадрид ќе разговараат со УЕФА и ќе бараат за овој двомеч да биде избран искусен судија кој нема да подлегне на притисокот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Во недела гледаме нов Реал Мадрид: Арбеола не смета на две големи ѕвезди

Од моментот кога го презеде тимот во околности кои не беа лесни, Арбеола многу брзо го деф…