Во последниот период во јавноста во Шпанија се појавија информации дека Ансу Фати сака да ја напушти Барселона во потрага по поголема минутажа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Се шпекулираше дури и дека Фати може да премине во Реал Мадрид, а овие информации стигнаа и до двата стратези. Едено од новинарите го праша Анчелоти што мисли за Фати.
„Што може да се каже. Ансу Фати е млад фудбалер кој верувам има одлична иднина. Тоа е тоа“, изјави Анчелоти.
Само еден час подоцна прес-конференција пред натпреварот за викендот имаше и Чави, па новинарите му поставија прашање за потенцијален трансфер на Фати во Реал.
„Ова е шега нели? Веќе бев јасен за Ансу Фати. Дебатите се вештачки направени и немаат смисла, тој е важен фудбалер и клубот во него гледа иднина“, изјави Чави.
"¿Ansu Fati al Madrid? Esto es una broma, ¿no?" pic.twitter.com/295hEeTkUb
— MARCA (@marca) August 18, 2023