Мино Рајола е веројатно најпознатиот фудбалски агент во овој момент, а актуелна е тема е Џанлуиџи Донарума.
Веќе стана јасно дека Донарума ќе си замине од Милан, во клубот доведоа и нов голман. Донарума и Рајола не сакаа да ја прифатат понудата на „росонерите“ од осум милиони евра, а клубот не планираше да понуди повеќе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Затоа беше доведен Мајк Мањан од Лил кој потпиша договор на пет години. Меѓутоа Рајола по одбивањето на понудата на Милан не ги добил тие 10 милиони евра од ниту еден друг клуб, па сега наводно го сменил мислењето.
Се шпекулира дека дури и Рајола се решил да го понуди Донарума на Милан за помала плата, но од претходно во Милан порачаа дека не сакаат да имаат повеќе ништо со Рајола и Донарума.
Останува да видиме како ќе се одвива ситуацијата.