Дома Останати Ракомет Раул: Мораме да бидеме претпазливи, Кил има квалитет да победи на гости

Раул: Мораме да бидеме претпазливи, Кил има квалитет да победи на гости

Вардар вчера успеа да запиша важна победа на гостински терен против силниот Кил 28:29 и така да обезбеди предност од еден гол за реваншот во Скопје.

Тренерот на Вардар кој од наредната сезона ќе го предводи Пари Сен Жермен и покрај победата повика на внимателност пред реваншот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Среќни сме поради победата, беше тешко да се игра во таква атмосфера. Кил има еден добар тренер и одлични играчи, но ние одлично го започнавме натпреварот. Одбраната скоро и да беше перфектна во првото полувреме, контранападот ни помогна навистина многу. Во второто полувреме имавме среќа. Мораме да бидеме претпазливи бидејќи Кил има квалитет да победи и на гостински терен“, изјави Ралу Гонзалес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар го прегази Тиквеш и се „загреа“ за дербито против Пелистер

Ракометарите на Вардар во натпреварот одигран во малата сала на спортскиот центар „Јане Са…