Дома Фудбал Останато Расте незадоволството на Мбапе кон ПСЖ

Расте незадоволството на Мбапе кон ПСЖ

Шпекулациите за иднината на Килијан Мбапе продолжуваат да се засилуваат и се поизвесно е дека тој ќе го напушти ПСЖ до крајот на преодниот рок.

„Екип“ тврди дека новиот повод за незадоволство на Мбапе кон ПСЖ е интервјуто кое беше пуштено пред неколку дена во кое тој изјавива дека „неговиот сон е да ја освои Лигата на шампиони со ПСЖ“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Меѓутоа, Французинот тоа го изјавил во мај, уште кога ПСЖ беше во игра за освојување на трофејот минатата сезона.

Мбапе и неговите агенти го толкуваат овој гест на ПСЖ како притисок да остане во клубот и да го продолжи договорот.

Се поизвесно е дека Мбапе нема да го продолжи договорот со парижани, бидејќи сака кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид. Сега на потег е ПСЖ, дали ќе прифати да го продаде ова лето, или следната година ќе го загуби без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тензии во Порто: Арнаутовиќ ќе се степаше со фудбалер на Порто (Видео)

Фудбалерите на Црвена звезда претрпеа пораз во второто коло од групната фаза на Лига Европ…