Во Лигата на шампионите вечерва се игра големото дерби помеѓу ПСЖ и Ливерпул.
Двете екипи се борат за пласман во наредната фаза, а вечерашниот натпревар би можел да има огромно значење. ПСЖ едноставно мора да победи доколку сака да ги задржи шансите за пласман во нокаут фазата, но тоа нема да им биде нималку едноставно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ важи за еден од фаворитите во најелитното европско натпреварување, но во група со Ливерпул, Наполи и Црвена Звезда не му оди баш најдобро.
Ниту атмосферата во тимот не е на потребното ниво, а тоа го докажа и последниот потег на Тухел.
Тухел во првиот состав за вечерашниот натпревар го стави Адриен Рабио за кого се верува дека ќе го напушти клубот. Сепак, само неколку моменти планот беше променет и Рабио остана на клупата. Француските медиуми пишуваат дека дошло до расправија помеѓу стратегот и играчот.
Составите на двата тима за овој натпревар можете да ги погледнете тука.