Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике е далеку од најдобрата форма и иако на клупата на Каталонците е неговиот поранешен соиграч Чави Ернандез игра се помалку.,




Сезонава Пике има само два настапи за Барселона, едно полувреме во Лигата на шампионите и 90 минути на еден натпревар во Ла Лига. И на Барселона добро и оди, па како што стојат работите Чави нема намера да го враќа Пике во стартниот тим.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Сега „Спорт“ пишува за несогласувања помеѓу Чави и Пике. Ако информациите на каталонскиот медиум се точни тогаш јасно е дека дефанзивецот нема иднина како фудбалер во Барселона.




Наводно Пике се пожалил на некој од соиграчите дека игра премалку, а тоа го слушнал Чави кој веднаш му одговори: Во ред, сега ќе играш уште помалку…




Пике во февруари полни 36 години и очигледно Чави смета дека повеќе не може да игра на највисоко ниво и предност добиваат помладите фудбалери. На лошата форма на Пике веројатно влијаат и случувањата во неговиот приватен живот.




Се најавуваше и во текот на летото дека Пике може да ја напушти Барселона, сепак на крајот остана да се бори за своето место.