Вчера репрезентацијата на Македонија ги доби противниците за новата сезона во Лигата на нации која ќе се игра од септември до ноември оваа година. Сега е познат и распоредот на натпреварите.
Првиот натпревар го играме против Ерменија на домашен терен на 5. септември (сабота). Терминот за овој натпревар е малку неебовичаен бидејќи е закажан за во 15:00 часот. Освен овој натпревар во вечерен термин нема да се играат и натпреварите против Грузија и дома (8. Септември) и на гости (11. октомври), како и натпреварот со Ерменија на гости (16.ноември). Овие три средби се играат со почеток во 18:00 часот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Останатите два натпревари против Естонија дома (8 октомври) и на гости (13. ноември) ги играме во вечерниот термин од 20:45 часот.
Распоред:
Прво коло: Македонија – Ерменија (5. септември, сабота, 15:00 часот)
Второ коло: Грузија – Македонија (8. септември, вторник, 18:00 часот)
Трето коло: Естонија – Македонија (8. октомври , четврток, 20:45 часот)
Четврто коло: Македонија – Грузија (11. октомври, недела, 18:00 часот)
Петто коло: Македонија – Естонија (13. ноември, петок, 20:45 часот)
Шесто коло: Ерменија – Македонија (16.ноември, понеделник, 18:00 часот)