Канадскиот тенисер кој е на 11. место на светската ранг листа преку порака на социјалните мрежи го откажа учеството на УС Опен поради повреда на левата рака.
„Како што е познато изминатиот период имав проблеми со зглобот на левата рака. Тоа беше причината да се повлечам од Мастерсот во Синсинати. Не успеав да ја санирам повредата и во консултација со мојот лекар одлучив да го откажам учеството на УС Опен“, објави Раониќ на Фејсбук.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Првенството во САД ќе биде лишено и од настапите на Новак Ѓоковиќ, Стен Вавринка и Кеи Нишикори, кои претходно објавија дека исто така поради повреди нема да настапат.
Главниот турнир во двете конкуренции на Грен слемот во Њујорк почнува во понеделник (28 август) и ќе трае до 10 септември.