Дома Топ вести Рамос и Јоветиќ му пресудија на Реал: Севиља ја запре серијата на ’Кралевите’

Рамос и Јоветиќ му пресудија на Реал: Севиља ја запре серијата на ’Кралевите’

Пеколниот финиш на мечот донесе пресврт во кој клучни играчи беа капитенот на Реал, Серхио Рамос и новото засилување на Севиља, Стеван Јоветиќ.

Откако пред три дена во реваншот од осминафиналето на националниот куп не успеаја, синоќа фудбалерите на Севилја во дербито од 18-то коло на шпанското првенство го совладаа Реал Мадрид со 2-1, со неверојатен пресврт и ѝ ставија крај на серијата на непоразеност на „кралевите“ која траеше 40 натпревари од април 2016 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


До 86 минута Реал имаше водство, победа и три бода во рацете, благодарејќи на голот што го постигна Кристијано Роналдо во 67 минута од пенал. Меѓутоа, следеше пресвртот во кој придонес имаше и капитенот на мадриѓаните Серхио Рамос. Токму поранешниот фудбалер на Севиља, кој беше предмет на свирежи на навивачите на Санчез Пизхуан, се специјализираше за одлучувачки голови во самиот финиш на мечот, и овојпат беше прецизен, но во сопствената мрежа.

Тоа им даде крилја на домаќините, кои во судиското продолжение направија целосен пресврт со голот на новото засилување Стеван Јоветиќ.

Севилја сега има 39 бодови, еден помалку од водечкиот Реал а еден повеќе од третопласираната Барселона. Реал има натпревар помалку во однос на најблиските ривали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…