Реал Мадрид никако да ја пронаде својата претпознатлива форма. Многумина веруваа дека по победата над АПОЕЛ следи убедлива победа и над Малага која не игра добро оваа сезона.
Сепак, „Кралевите“ на својот „Сантијаго Бернабеу“ едвај ја совладаа Малага со 3:2 во рамките на 13 коло од Примера. Одлучи Кристиано Роналдо, кој прво го промаши пеналот, а потоа од одбиената топка постигна гол. Тоа за Португалецот е втор гол во лигата оваа сезона. Покрај сите проблеми, шпанските медуми денеска откриваат дека амотсферата во тимот е далеку од идеална.
Имено, „Don Balon“ тврди дека во соблекувалната на Реал дошло до жесток судир помеѓ тренерот Зинедин Зидан и Дани Себалос. Како што тврди споменатиот извор, младиот шпански репрезентативец е незадоволен поради малата минутажа во дресот на Реал. Потсетуваме, поранешниот играч на Бетис минатото лето го сакаше и Барселона, но тој на крајот го одбрал Реал. Но, изгледа дека веќе зажалил поради тоа.
Сосема е јасно дека францускиот стратег на клупата на мадридскиот тим и не му верува на Себалос, за кој многумина сметаат дека е еден од најголемите таленти во Европа. Истиот извор тврди дека поранешниот играч на Бетис по натпреварот со Малага се свртил кон Зидан и се му кажал во лице.
Наводно, поголем конфликт сречиле капитенот Серхио Рамос и Иско кои го извадиле бесниот Себалос од соблекувалната.