Дома Фудбал Репрезентации Рамос знае кој напаѓач би успеал во Шпанија

Рамос знае кој напаѓач би успеал во Шпанија

Капитенот на Шпанија, Серхио Рамос смета дека напаѓачот на Англија, Хари Кејн ги има сите квалитети да успеее во шпанската Примера.

Кејн во овој момент се наоѓа во криза, а веќе шест натпревари не постигнал гол за репрезентација, но тоа не му значи многу Рамос.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Хари Кејн не е само физички одличен напаѓач, тој технички е беспрекорен. Може да ве изненади во секој момент и навистина е тешко да го чувате. Сигурен сум дека би бил одличен во шпанското првенство“, изјави Рамос.

„Црвената фурија“ има шанса со победа да го обезбеди првото место во својата група во Лигата на Нации, а Рамос го игра својот 160-ти натпревар за Шпанија.

„Кај Англичаните секогаш има играчи со одлични технички квалитети. Тоа е опасна репрезентација, но ние ги познаваме. Знаеме дека ќе биде тешко, дека се фантастичен ривал кој зад себе има одлично Светско Првенство. Но, ако продолжиме со победите и ефикасните настапи, тоа ќе биде добар знак за нас“.

Шпанија и Англија играат вечерва со почеток од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…