Дома Фудбал Рамос: Го поканив Пике да дојде во Кардиф, но не одговара!

Рамос: Го поканив Пике да дојде во Кардиф, но не одговара!

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос не го заборава својот колега од големиот ривал Жерар Пике ни на два дена пред финалето во Лигата на шампиони.

„Кралскиот“ клуб во сабота ќе се обиде да ја одбрани титулата, а Серхио Рамос не пропушти прилика да го „боцне“ големиот ривал од Барселона со изјавата дека му испратил покана да дојде во Кардиф.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Во Кардиф ќе дојдат скоро 20 луѓе кои ми се мене блиски за да ме поддржуваат. Му испратив покана и на Жерар Пике, но не одговори“, изјави Рамос.

Херојот на Реал од финалињата во 2014 и 2016 вели дека финалето против „старата дама“ го дочекува потполно смирен.

„Деновите пред финалето ќе ги поминам во својот дом, со братот, споругата и детето. Сакам да се сконцетрирам на мечот со Јувентус. Немам проблем со спиењето. Спијам мирно и цврсто“, истакна Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Податок кој ги остави навивачите на Манчестер Јунајтед во неверување – откриен долгот на „црвените ѓаволи“

Трофеите одамна не стигнуваат на Олд Трафорд, а според сите показатели долговите се сè пог…