Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Рамос брутално искрен: Како да сме на погреб, а не на Мундијал…

Рамос брутално искрен: Како да сме на погреб, а не на Мундијал…

ramos

Тешки зборови на капитенот на Шпанија на денешната конференција.

Отказот на Лопатеги на само неколку дена пред првиот натпревар на Шпанците на Мундијалот против Португалија ги вознемири фудбалските фанови на Пиринеите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како негов наследник беше именуван Фернандо Јеро, а дефанзивецот на „Црвената Фурија“ не криеше дека атмосферата во овој момент во екипата не е на потребното ниво.

„Како да сме на погреб, а не на Мундијал“, брутално искрено започна Рамос на денешната конференција.

„Сакам со насмевка да го завршиме ова патување, мораме да свртиме нов лист, бидејќи овој баш и не толку пријатен. Лопатеги беше дел од она што го остваривме, но Шпанија е над секого. Мислам дека во овој момент не можевме да добиеме подобра замена од Јеро“.

„Не треба да се фокусираме на одлуките на другите луѓе, туку да мислиме на она што е наша работа – играта на теренот. Кога ќе заврши натпреварувањето, тогаш можеме да зборуваме. Нема промена на планот, тука сме за да го освоиме Мундијалот“, објасни Рамос.

Првиот натпревар Шпанците го играат веќе утре и тоа против европскиот шампион Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…