Дома Фудбал Италија Рамзи: Роналдо секогаш останува сам да вежба слободни или нешто друго

Рамзи: Роналдо секогаш останува сам да вежба слободни или нешто друго

Играчот за врска на Јувентус, Арон Рамзи е воодушевен од однесувањето на неговиот соиграч Кристиано Роналдо.

Пред сезоната да биде прекината Роналдо постигна 25 голови на 32 натпревари, Рамзи сега како и повеќемина пред него зборуваше за работната етика на Португалецот која ја опиша како неверојатна.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Тој е неверојатен спортист. Прв доаѓа во теретана, ја поминува рутината и излегува на терен. Тој е роден победник, сака да победува секогаш, дури и на тренинг. Секогаш останува сам да вежба слободнуи удари или нешто друго. Не мора никој да ми кажува колку е добар и колкава желба има – неверојатен е, еден од најголемите во историјата на фудбалот“, изјави Рамзи кој во Јувентус дојде од Арсенал.

Рамзи потоа го објасни неговото доаѓање во Јувентус.

„Имаше и други заинтересирани, но Јувентус е еден од најголемите клубови во Европа. Покрај тоа чувствував дека тие најмногу ме сакаат, имаат и богата историја и одлични играчи. Овој тим тропа на вратата од трофејот во ЛШ, сакав да бидам дел од обидот клубот да дојде до тој трофеј“, објасни Велшанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Цела Италија му се смее на Мората – промаши цел гол од два метри (Видео)

Шпанскиот голгетер Алваро Мората прво се истакна со асистенција за водечкиот гол на Комо п…