Мино Раиола денес ја разбранува фудбалска Европа со своето интервју што го даде за италијанскиот весник „Титуспорт“.
Раиола категорично изјави дека Погба веќе завршил со Манчестер Јунјатед и порача дека неговиот клиент не е среќен на „Олд Трафорд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Французинот со Јунајтед истекува во јуни 2022 година, но откако стана јасно дека нема да ја продолжат соработката, извесно е дека Погба ќе си замина на крајот на сезоната.
За Погба интерес покажуваат неколку европски гиганти, а Раиола наговести негово враќање во Јувентус.
„Можеби Јувентус да биде негова дестинација. Зошто да не? Покрај другите работи, односот со клубот и со поранешните соиграчи му е одличен. Во ова време на КОВИД-19, нема мног клубови кои можат да си го дозволат. Најважно е да го сакаат“, порача Раиола.
„Пол е незадоволен од Манчестер Јунајтед бидејќи тој веќе не е во можност да се изрази на начинот на кој би сакал и како што се очекуваше. На Пол му треба нов тим, промена на воздухот“, додаде Раиола.