Дома Фудбал Англија Раиола се огласи: Решена иднината на Погба!

Раиола се огласи: Решена иднината на Погба!

Французинот Пол Погба влегува во последната година од договорот со Манчестер Јунајтед.

Погба имаше сезона за заборав. Повредите му правеа проблеми, беше во лоша форма и одигра само 16 натпревари во Премиер лигата, вкупно настапи на 22 средби и оствари учинок од еден гол и четири асистенции што е премалку во споредба со она што се очекува од него.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер има договор до август наредната година и во текот на сезоната се споменуваше можност да се врати во Јувентус, тука беа и имињата на ПСЖ и Реал Мадрид.

Сега Мино Раиола се огласи и ги реши сите дилеми околу неговата иднина.

„Погба ќе остане во  Манчестер Јунајтед. Тој е клучен играч за клубот кој има важен проект и Пол е 100% во него. Јунајтед ова лето нема да прифати понуда за него. Наскоро ќе зборуваме и за новиот договор“, изјави Раиола.

Манчестер Јунајтед во новата сезона се враќа во Лигата на шампионите и се очекува тандемот Бруно – Погба во полн сјај да блесне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Скај Спортс“ објави кога ќе си замине Анчелоти од Реал Мадрид

Реал Мадрид загуби од Арсенал на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Откак…