Дома Фудбал Италија Разликата е НЕВЕРОЈАТНА – Јувентус пред две години и Јувентус сега!

Разликата е НЕВЕРОЈАТНА – Јувентус пред две години и Јувентус сега!

Јувентус под водство на Алегри пред две години играше во финалето на ЛШ против Барселона, тие загубија со 3:1, а знаете ли колку фудбалери останаа во тимот од тогаш?

На могумина не им е јасно што прави Јувентус последниве години, и покрај големите промени во тимот, тие успеаа да ја освојат Серија А без никакви проблеми, а покрај тоа и во европските натпреварувања беа одлични, имајќи го во предвид тоа што двапати играа во финалето во последните три години.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


За да ви докажеме колку играчи се променија, ќе го погледнеме само финалето на ЛШ во Берлин со Барселона во 2015. година, кога Јуве загуби со 3:1.

Јувентус тогаш настапи во следниов состав:

Буфон, Лихштајнер, Барзаљи, Бонучи, Евра, Погба, Пирло, Видал, Маркизио, Тевез, Мората.

Играа уште Роберто Переира, Кингсли Коман и Фернандо Љоренте.

Но, од овој состав, само четири играчи се уште се наоѓаат во тимот на Јувентус, а тие се: Буфон, Барзаљи, Лихштајнер и Маркизио. Работата да биде уште поневеројатна, само Буфон е стандарден во сегашниот тим на Јувентус, а тој ја завршува кариерата на крајот од сезоната.

Успесите на Јувентус пред секоја сезона се доведуваат во прашање, но оваа екипа секогаш успева да ги победи своите противници. Дали така ќе биде и сега?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид спремен да го продаде Чуамени

Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Орелиан Чуамени, пренесуваат ме…