Работнички утре (17 часот) во Пехчево стартува со пријателските натпревари во текот на летните подготовки. Српскиот тим Напредак Крушевац ќе биде првиот ривал за избраниците на Александар Влахо, а потоа на секои три или четири дена ќе следува нов тест.
В сабота Работнички ќе одигра пријателски меч со Македонија ЃП во Ѓорче Петров, на 7 јули противник ќе биде Тиквеш, а три дена подоцна „романтичарите“ ќе тестираат против Академија Пандев.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
На 16 јули Работнички ќе замине на подготовки во Охрид, каде засега се закажани три пријателски натпревари, против Ренова, Охрид и против албанскиот тим Игнатиа.
Фото: ФК Работнички