Дома Топ вести Пјаниќ пристигна на лекарски прегледи

Пјаниќ пристигна на лекарски прегледи

Италијанските медиуми блиски до Јувентус пренесуваат дека Миралем Пјаниќ стигнал на медицински прегледи.

Артур и Пјаниќ ќе ги заменат улогите и клубовите, откако ќе направат прегледи, па само формалности ги делат од комплетирање на трампата.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Барселона ќе добие плус 10 милиони евра, покрај Пјаниќ, кои мора Јувентус да ги доплати за услугите на 23-годишниот Бразилец.

Се очекува најдоцна до утре или уште денеска клубовите да ги потврдат трансферите на двајцата фудбалери и така конечно да заврши трансфер-сагата, која трае неколку месеци.

Пјаниќ утрово пристигнал во клиникта „Ј-медикал“, каде се присутни и лекарите на Барселона, па Босанецот денес ќе ги мине лекарските прегледи за клубот од „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн подготвува спектакуларна замена за Ноер?

Maнуел Ноер има договор со Баерн Минхен до крајот на оваа сезона, се најавува дека ќе потп…