Познатиот италијански спортски новинар, Марио Сконцерти тврди дека заминувањата на Миралем Пјаниќ и Гонзало Игуаин од Јувентус се завршена работа.
Веќе со месеци трае сагата околу Пјаниќ кој е се поблиску до Барсеона. На големо се тврди дека Пјаниќ ќе го облече дресот на Барселона, наводно останува да се види само уште на кој начин.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Според повеќе информации Артур Мело би требало да биде клучниот играч во размената, иако „Мундо Депортиво“ утрово пишува и дека и Дембеле може да биде дел од размената. Како и да е Сконцерти е убеден дека Пјаниќ оди во Барселона.
„Јуве ќе биде во хендикеп затоа што веќе ги изгубија Пјаниќ и Игуаин, тоа е завршена работа само се уште не е објавено. Сари го смета Пјаниќ за бавен и сака промена, меѓутоа Пјаниќ е еден од најдобрите на својата позиција и по мене Јувентус прави грешка за која може да биде казнет во иднина“, изјави Сконцерти.
Ако овие најави се остварат очигледно Јувентус ќе има прилично големи промени во новата сезоната.