Тоа до сега не беше пракса, но поради моменталната ситуација со коронавирусот, наводно, Артур и Пјаниќ ќе направат лекарски прегледи утре во Торино.
Артур после денешниот натпревар против Селта би требало од Барселона да замине за Торино, а таму ќе биде и Пјаниќ, каде и двајцата ќе направат лекарси прегледи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Што се однесува до Пјаниќ, поради тоа што и натаму се ограничени летовите од Италија кон Шпанија, тој ќе мора во Торино да го направи лекарскиот преглед.
Да потсетиме, двајцата фудбалери претходно ги прифатија условите на клубовите а Јувентус на Барселона за оваа “зделка“ ќе доплати уште 10 милиони евра за 23-годишниот Бразилец.