Миралем Пјаниќ ги одигра своите последни минути во дресот на Јувентус.
Судбината сакаше својот последен натпревар за Старата дама да го одигра против Лион, клубот во кој го изгради името, а на крајот разочаран го напушти теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не крие дека не очекувал дека ова вака ќе заврши.
„Големо разочарување за нас бидејќи силно посакувавме да се пласираме понатаму. Лошо тргнавме, но останавме во игра. На крајот сето ова е разочарувачки и тешко е да се прифати.“ – изјави Пјаниќ после натпреварот и додаде:
„Клубот може многу повеќе, а не само да го освојува Скудето. Немам сомнение дека овој тим ќе биде уште посилен наредната сезона.“