Дома Фудбал Италија Пукна љубовта: Конте заминува, Интер веќе најде замена

Пукна љубовта: Конте заминува, Интер веќе најде замена

Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Антонио Конте ќе го напушти Интер на крајот на сезоната.

Конте минатото лето пристигна во Интер со големи очекувања, доби богат договор и скапи засилување, па очекувањата беа „нероаѕурите“ да бидат кандидати за титулата.

Во последно време Интер игра многу лошо, па падна на четвртото место на табелата, а тоа наводно многу ги налутило сопствениците на клубот и претседателот Стивен Жанг.

Конте влегол во конфликт со претседателот и поголем дел од раководството, па готово сигурно ќе добие отказ по завршувањето на сезоната.

„Добив информација после мечот со Верона дека Конте нема да биде тренер на Интер следната сезона“, потврди познатиот новинар Равецани.

„Сопствениците Сунинг немаат проблем да му ги исплатат договорот и ќе му дадат отказ. Неговиот наследник е веќе познат, тоа е Алегри“, додаде еминентниот новинар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Големи критики за Пике: Тој е второкласен и просечен играч

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и интернационалец на Аргентина (освојувач на Светско…